Ски кафе


 

Ски кафето во „Конак“ работи изминативе тринаесет години во текот на целата година и со право го добива епитетот на најпопуларното место во скијачкиот центар Попова Шапка. Во текот на денот можете да се одморите во топол амбиент со широк спектар на топли пијалаци и освежувања или да останете на сончева тераса со јужна ориентација со отворен поглед на скијачките терени и целосен преглед на најпознатата скијачка патека Церипашина.

Секогаш кога ќе ја посетите Попова Шапка, „Конак“ е тука за Вас 365 дена во годината. Дојдете и уверете се сами зошто сме најпосетуваното место на Попова Шапка.