Попова Шапка – инфо


На 48 километри од Скопје и на 18 километри од Тетово во прегратките на најубавата Шар планина е сместен скијачкиот центар ,,Попова Шапка”.
Големиот број сончеви денови, бескрајното синило, зимската покривка и природните атракции во зима, како и недопрената природа, зеленилото, уникатната флора и фауна на пролет и во лето го прават овој центар главна туристичка дестинација во текот на целата година, не само во северо-западниот регион во земјава, туку и пошироко на Балканот.

Центарот нуди првокласни скијачки патеки кои започнуваат на 1700 мнв.