Конак


Модерен планински објект базиран на традиционален изглед, совршен за Вашиот одмор.

„Конак“ – Попова Шапка е модерен планински објект базиран на традиционален изглед. Сместен е на Шар планината во скијачкиот центар Попова Шапка на 1760 мнв. Поволната географска положба релативно блиску до Тетово на 18 км и Скопје 55 км главниот град на Република Македонија го прави да го посетат голем број туристи и во летната и во зимската скијачка сезона. Особено задоволство ќе Ви овозможи ентериерот на објектот во комбинација на дрво и камен со камин и отворен поглед на скијачките терени. На платото пред објектот се наоѓа голема тераса која има јужна ориентација и доста погодна за престој во текот на зимската сезона поради големиот број сончеви денови кои се главна одлика на скијачкиот центар Попова Шапка.

  • 15 СОБИ
  • РЕСТОРАН
  • СКИ КАФЕ
  • КОНФЕРЕНЦИСКА Сала
  • САУНА
  • БЕСПЛАТЕН WI-FI & ТВ
  • ТРАНСПОРТ ДО АЕРОДРОМ
  • СКИ И СНОУБОРД ШКОЛА
  • РАТРАК & МОТОРНИ САНКИ

5 причини зошто да го посетите „Конак“ - Попова Шапка

  • Најдобро оценето сместување на Попова Шапка
  • Лоцирано на самите скијачки терени
  • Идеално место за одмор, релаксација и рекреација
  • Одлична услуга, прекрасен амбиент, традиционална кујна
  • 365 дена, тука за Вас