Ресторан – Ски Кафе


 

Ресторанот во склоп на Ски кафе ,,Конаке организиран така што ќе ги задоволи потребите на гостите кои доаѓаат во поголема група, како и оние кои изразуваат желба за поинтимен амбиен. Во овој простор доминираат природни материјали како дрво и камен кои се совршено надополнети со големи прозори кои даваат прекрасен поглед на прекрасната природа и скијачките терени на Попова Шапка.

Во вечерните часови овој ресторан се трансформира во бар во кој доминира притаена и интимна атмосфера со затемните светла и отворен поглед на ноќната панорама на Попова Шапка.