One Mountain, One Love - Popova Sapka We Have Snow на Facebook      We Have Snow на Twitter     info@konak.com.mk      +389 70 32 98 98

”Конак”е современ планински објект заснован на традиционален изглед. Се наоѓа на Шар планина на скијачкиот центар Попова Шапка на 1760 м.н.в. лоциран во склоп на Манастирскиот комплекс Св. Наум Охридски – Чудотворец. Поволна географска положба релативно блиску од Тетово 18 км и Скопје 55 км  главниот град на Република Македонија прави да биде посетен од голем број на туристи како во летната така и во зимската скијачка сезона.

Особено задоволство ќе ви даде  внатрешноста на објектот во комбинација на дрво и камен со камин и отворен  поглед на скијачките терени. На платото пред домот се наоѓа голема тераса која има јужна ориентација и доста погодна за престој во текот на зимската сезона поради големиот број на сончеви денови кои се главна карактеристика на скијачкиот центар Попова Шапка.

 

Мирот, приватноста и гостопримството на вашите домаќини ќе го направат вашиот престој во “Конак” многу пријатен и релаксирачки. Ова е простор создаден со цел да им помогне на границите на вашите задоволства, донесе убавина, радост и среќа во секој ваш ден и да стане дел од вашиот стил и начин на живот.

Доколку сте заинтересирани за активен зимски или летен одмор и уживање во скијањето и сакате да потрошите време, далеку од градската врева, стрес, а во исто време сте и љубител на природата ”Конак” е вистинското место за вас.

 

 

 

 
Developed by Aleksandar Petrovski | Copyright © Конак - Попова Шапка 2013